Весникот „Ла Пренса“ кој е најчитан и најстар весник во Никарагва, во знак на протест вчера излезе со празна страница. Причината за револтот е тоа што Владата не дозволи увоз на мастило, хартија и други материјали за печатење на весници.
„Можете ли да го замислите животот без информација?“, стои во насловната станица на весникот.
„Не знам уште колку долго можеме да печатиме весници. Можеби уште два месеци, можеби само уште утре“, изјави директорот на „Ла Пренса“ Жаим Чаморо.
Организациите за заштита на човековите права и независните медиуми тврдат дека Владата на Ортега ја загрозува слободата на изразување.
Од минатата година Никарагва минува низ тешка криза. Центарот за човекови права, кој се наоѓа на црната листа на Владата, соопшти дека за време на простетите загинаа 300 лица, а над 500 се уапсени.