Во експлозија на нафтовод во Мексико, засега загинаа 66 лица, а преку 70 се повредени. Тоа се најновите податоци, а се стравува дека бројката и натаму ќе расте затоа што информации за жртви пристигнуваат секој час.
Како што пишува „Би-Би-Си“, експлозијата настана откако крадци на нафта оштетиле цевка.
Во моментот на експлозијата десетина лица со канти за нафта краделе од нафтоводот. Одеднаш се експлодирало а луѓето изгореле.