Свет

Откажани 6.700 летови во САД поради снежна бура

Полни аеродроми и нервозни патници е сликата на неколку аеродроми низ САД. Поради снежната бура, мораа да бидат откажани многу летови, а бројката засега се движи околу 6.700.

Ситуацијата е алармантна во централниот и североистичниот дел на САД. Некои од летовите се презакажани дури за во понеделник, што значи дека голем дел од патниците ќе мораат да преноќат по аеродромите.

Еден авион доживеал лизгање на пистата за време на слетувањето во аеродромот во Небраска.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни