Свет

Трагедија на француските Алпи: Се запали одморалиште, загинаа најмалку две лица (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а десетина се повредени во голем пожар кој избувна во скијачкото одморалиште Куршевел на француските Алпи.

Пожарот кој избувна во раните утрински часови, ги присили 60-те вработени на евакуација од трикатницата, јавува „Гардијан“.

Пожарот се појавил на третиот кат од зградата каде што се најдени две изгорени тела. На тој спрат се сместени сезонски работници. Телата ги пронашле пожарникарите. Четири лица со хеликоптер се пренесени во болница, а 18 лица се со полесни повреди.

Очевидци велат дека луѓе скокале од балконите за да се спасат од огнот.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни