Во Кина е во тек истрага откако патнички авион вчера излетал од пистата и се запалил при полетување на аеродром во југозападниот дел на земјата.
Снимките од државните медиуми покажаа дека левата страна на авионот гори и луѓето брзо го напуштаат местото на настанот.
Сите 113 патници и девет членови на екипажот се евакуирани од Ербас А319 на Тибет ерлајнс.
Во евакуацијата се повредени 36 лица. Имаат исчашувања и гребнатини.