Македонија

УХМР најавува дожд и снег на планините, викендот повторно со врнежи

УХМР најавува дожд и снег на планините, викендот повторно со врнежи

Постудено време со повремени врнежи и засилен северозападен ветер најавуваат метеоролозите за утре. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде променливо облачно, а во северните делови од земјата ќе има дожд, кој на повисоките планини ќе преминува во снег.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе засилува до силен, особено долж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од минус три до осум степени, додека максималните ќе достигнат од седум до 17 степени Целзиусови.

Во среда и четврток се очекува релативно стабилно време. Сепак, кон крајот на работната недела и за време на викендот повторно ќе има услови за врнежи.

И во наредните денови ќе дува умерен северозападен ветер, кој на места долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни