Серија земјотреси вечерва се регистрирани со епицентар во соседна Албанија. Дел од нив почуствувани и на територија на Македонија.
Според првичните информации на ЕМСЦ, земјотресите се регистрирани доцна вечерва со епицентар кој е на длабочина од 2 километри.
Според реакциите на жителите на ЕМСЦ земјотресот се осетил, но станувало збор за кратко тресење во хоризонтала.
За среќа нема предизвикани материјални штети, ниту повредени граѓани, но поради опасност дел од граѓаните ноќта ќе ја поминат под отворено небо.
Последните регистрирани земјотрес се со јачина до 4 степени по рихтер.
Сеизмолозите смируваат додавајќи дека станува збор за редовна сеизмичка стабилност.