Непријатната приказна се случила во главниот град на Казахстан.
36-годишен маж спасил 3-годишно девојче кое висело на прозорецот од неговиот дом на 8-ми кат.
Случајни минувачи виделе дете како виси од 8-ми кат од блокот и веднаш повикале полиција.
За тоа време, пак, соседот кој одел на работа го видел детето, влетал на 7-ми кат кај соседите, се качил на прозорецот и ризикувајќи го сопствениот живот го симнал детето.