Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави денеска гувернерот на провинцијата Олех Синегубов, кој го објави своето тврдење на Телеграм.
Сè уште не е можно да се потврдат овие наводи, а не е јасно ниту колку војници стигнале до руската граница или каде точно се наоѓаат.
Украинското Министерство за одбрана објави видео на кое наводно се гледа група војници од територијалната одбрана на неодредена локација на границата.
„Претседателе, успеавме“, рече еден од војниците, а видеото брзо стана вирално и предизвика еуфорија низ Украина.
Доколку оваа информација биде потврдена, тоа би значело дека украинската контраофанзива е се поуспешна во туркањето на руските сили на североисток, откако западните воени агенции објавија дека руската офанзива во регионот на Донбас е запрена.
Beyond words. Today Ukrainian military 227th battalion of the 127th territorial defense brigade reached the border with Russia in the Kharkiv region. Glory to Ukraine! 💪🏻🇺🇦 pic.twitter.com/wFEFS89GhV
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) May 15, 2022