Свет

Кризни денови за „Брегзит“: Преговорите во прекин, Меј бара отстапки од ЕУ

Британскиот парламент одби да го ратификува договорот за излегување на Обединетото Кралство од Европската Унија, а премиерката Тереза Меј се обидува да осигура мнозиство барајќи отстапки од Брисел.

Меј денеска ќе се обиде да го прекине застојот околу „Брегзит“ со предлози фокусирани на добивање повеќе отстапки од Европската Унија.

После одбивањето на договорот за „Брегзит“ во Парламентот, Меј пробува да најде нови начини на прифаќање на договорот, но нејзините напори засега не даваат плод.

Меј не успеа да постигне договор со опозициската Лабуристичка партија, и се очекува дека ќе проба да ги придобие 118 гласови на бунтовниците од нејзината партија и гласовите на малата северноирска Демократска унионистчка партија. За да ги придобие тие гласови, Меј ќе бара отстапки од Брисел, јави „Тајмс“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни