Македонија

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде познат на конвенцијата на 16. февруари

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде познат на 16-ти јануари на конвенцијата на партијата во Струга, рече денеска на прес-конференција генералниот секретар Игор Јанушев.

„Огласот трае до 31-ви јануари, по што ќе следи проверка на документите, односно на кандидатурите. На 16-ти февруари во Струга ќе одржиме конвенција на која што де-факто ќе се избере и кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јанушев кој прашан и за предвремени парламентарни избори, истакна дека власта има страв и бега од предвремени избори.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни