Двајца 26-годишни турски државјани биле нападнати во стан во скопската општина Карпош, а за случајот полицијата уапсила двајца нивни сонародници на возраст од 36 и 22 години, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, осомничените, заедно со уште едно лице, физички ги нападнале двајцата мажи и им нанеле повреди со остар предмет, по што побегнале од местото на настанот.
Двајцата уапсени се сомничат за обид за убиство, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со нападот.