Министерот за одбрана на Словенија, Карл Ерјавец во денешното обраќање на панел дискусијата во Комисијата за одбрана и безбедност во македонскиот Парламент истакна дека е задоволен со конечниот успех на Македонија да го надмине овој спор во кој беше парализирана долго време и што се најде заедничко прифатливо решение.
-Оваа држава за само две години напредуваше многу брзо станувајќи пример за целиот регион. Се заблагодарувам на вашата храброст не само на вашите политички лидери, туку и на целиот народ на Македонија кој на референдумот со огромно мнозинство одлучи да живее евроатлантска иднина, да го тргнете товарот од минатото и да свртите нова страница во историјата на вашата земја. Словенија продолжува да биде голем пријател на Македонија, а членството во НАТО има голем потенцијал да ја засили нашата соработка во различни области, рече министерот Ерјавец .