Македонија

Едногодишно бебе од Чаир заболено од мали сипаници, хоспитализирани 22 лица

Едногодишно бебе е примено денеска на Клиниката за инфективни болести заразено со мали сипаници. Детето не било вакцинирано и не посетувало градинка, а е од општина Чаир

Во моментов, на Клиниката се хоспитализирани 22 лица со мали сипаници, од кои 90 отсто се деца, а досега вкупно се вакцинирани 3.356 деца.

Од Министерството за здравство повикуваат родителите да ги вакцинираат децата, и нагласуваат дека вакцините се безбедни и квалитетни и дека невакцинираните деца нема да се примаат во градинките и училиштата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни