Свет

Ученик слушнал истрели додека бил во тоалет – вооружен напад во училиште во Германија

Пукањето што се случи денеска во училиштето Лојд во Бремерхавен во Германија го пријавиле ученици, соопшти локалната полиција. Еден напаѓач е уапсен, додека друг вооружен со самострел моментално е во бегство.

Според Билд, истрелите ги слушнал еден од студентите кој бил во тоалетот. Брзо повикал полиција, а сите што биле во тоа време во училиштето се затвориле во училниците.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и ја опколила зградата. Едниот напаѓач е уапсен, додека другиот бил во бегство и, како што се сомнева, вооружен со самострел.

Полицијата побара од населението да ги избегнува плоштадот и соседните улици поради бркотницата.

Пред училиштето се собраа многу родители, а управата на училиштето во меѓувреме постави телефонска линија за сите засегнати родители.

Едно лице е тешко повредено и моментално е во болница, изјави портпаролката на локалната полиција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни