Свет

Силен земјотрес со јачина од 6.6 степени ја погоди Индонезија

Два силни земјотреси, со јачина од 6,6 степени, ја потресоа денеска Индонезија, односно осторовот Сумбава, област јужно од градот Раба.

Не е издадено предупредување за цунами, а засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

„Ројтерс“ потсетува дека лани во Индинезија во серија земјотреси и цунами загинаа повеќе од 3.000 лица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни