Балкан

Бугарскиот претседател Радев: Колку поодговорно се држиме кон принципите толку послено ќе биде за решение со РС Македонија

Бугарскиот претседател Радев: Колку поодговорно се држиме кон принципите толку послено ќе биде за решение со РС Македонија

Бугарскиот преседател Румен Радев во Бугарија ги пречекува моштита на светите браќа Кирил и Методиј. Запрашан за односите со Македонија, тој рече дека треба да се држат до принципите и да се слушаат Бугарите во РСМ, само така може да се дојде до решение.

„Мислам дека колку подлабоко Владата се придржува кон официјалната бугарска позиција, како и заклучоците од последниот Совет за безбедност, колку подлабоко се случа гласот на Бугарите во РСМ, колку поодговорно се држиме како членови на ЕУ и се придржуваме кон принципите толку полесно ќе биде во политиката и решението со РСМ“, изјаву бугарскиот претседател Румен Радев.

Претходно, премиерот Кирил Петков бараше од Радев координативна средба за ветото кон Македонија, но до овој момент нема такви најави.

Франција е актуелен претседавач со Советот на Европа, а до крајот на нејзиното претседателство планира да одржи конференција на ЕУ за Западен Балкан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни