Балкан

Ако со кола планирате на одмор во Грција, добро се пресметајте – од цените на горивата нема да ви падне добро!

Ако со кола планирате на одмор во Грција, добро се пресметајте – од цените на горивата нема да ви падне добро!

Бидејќи цените на горивата во Европа, поради глобалната криза предизвикана од војната во Украина, значително се зголемија во однос на минатата година, најголемиот удар ќе го почувствуваат туристите кои ќе се решат да одат на одмор со своите автомобили.

Цените на енергијата во Европа уриваат историски рекорди. Причина за катастрофалното нарушување на пазарот е воената криза во Украина, но и најавата од ЕУ дека увозот на руски гас и нафта речиси целосно ќе биде стопиран!

Една од земјите што го почувствува најголемиот удар беше Грција, па цената на безоловниот бензин на таа најевтина бензинска пумпа во таа земја изнесува дури 2,22 евра за литар (260,94 динари). За споредба, во Србија за истото гориво цената е 184 динари за литар (1,57 евра).

Покрај високите цени на горивата, Грците годинава на туристите ќе им наплаќаат буквално се. Оние кои ќе одлучат да летуваат во приватни станови нема да можат да сметаат на шампони и сапуни, а бесплатен интернет ќе имаат само во заедничките простории.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни