Неколку училишта во кантонот Сараево во средата наутро добија дојава дека во тие институции била поставена бомба.
Како што изјави за Н1 портпаролот на МВР на кантонот Сараево, Мирза Хаџиабдиќ, полицијата била информирана дека неколку училишта во областа на КС добиле електронска пошта со содржина дека во училиштата се поставени бомби.
„Во оваа насока се преземаат мерки и дејствија кои вклучуваат контрадиверзивни прегледи“, рече Хаџиабдиќ.
Според информациите на Н1 Сараево, бомба била пријавена во неколку основни училишта во реонот на општините Стари Град и Ново Сараево, а децата се вратени дома до завршување на прегледот.
Минатата недела, голем број училишта низ Србија добија извештаи за поставени бомби. Заканите стигнаа и до музеите, трговските центри и многу владини институции.
По детална проверка на екипите за контрадиверзија, утврдено е дека дојавите за поставените бомби се лажни.