Руски бомбартер ТУ-22 попладнево се сруши при слетувањето на аеродромот во Мурманск на северот на Русија. Во несреќата загинаа два пилоти, од четворица колку што се наоѓаа во авионот, соопшти министерството за одбрана на Русија.
До несреќата дошло кога авионот влегол во снежна бура и пилотите изгубиле контрола. Другите двајца преживеани се однесени во болница, но засега не се споменува нивниот степен на повреди.
Во соопштението министерството за одбрана наведе дека авионот во моментот на падот не бил вооружен.