Министерот за финансии Синиша Мали изјави денеска во Будимпешта, по средбата со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарт, дека е договорено Србија во текот на претстојната зима да складира 500 милиони кубни метри гас во Унгарија.
Договорот беше прецизиран откако српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се договорија во Нови Сад на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем Србија да складира меѓу 300 и 500 милиони кубни метри гас во Унгарија.
Мали за новинарите по состанокот изјави дека врз основа на денешниот договор Србија ќе може да повлече три милиони кубни метри дневно од унгарските магацини во октомври, шест милиони кубни метри дневно во ноември, декември и јануари и три милиони во март, јави Танјуг. .
„Ова е одлична и важна вест за граѓаните, обезбедивме 500 милиони кубни метри за складирање на гас за претстојната зима. Тоа ќе обезбеди сигурно снабдување со гас за Србија, а ние тоа го обезбедивме денеска“, посочи Мали.
Министерот Сијарто рече дека денешните договори се доказ за стратешкото пријателство меѓу двете земји.