Голем пожар избувна во фабриката за преработка на овошје и зеленчук „Сава Шемберија“.
Сите расположливи екипи на пожарникари од Бјелина и Јање се на терен и се борат за локализирање на пожарот, на помош им пристигнале пожарникарите од Угљевиќ и Лопар, а се очекува доаѓање на пожарникари од Брчко.
– Засега нема опасност по здравјето на населението, но заради превенција на граѓаните им се препорачува да ги затворат прозорците. На терен се и припадници на Цивилната заштита кои ја следат состојбата, за да реагираат во случај на потреба – соопштија од градската управа на Бјелина.
На терен се и припадници на Цивилната заштита.
– Екипата е на терен, а повеќе информации ќе има по интервенцијата – велат во ТВЈ Бијелина.
Полицијата соопшти дека пријавата ја добила околу 19 часот.
🔺VATROGASCI NA TERENU / Požar u pogonu fabrike "Sava" u Bijeljini #Bijeljina #požar #Sava #fabrika pic.twitter.com/U7d3o91Qy6
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) May 25, 2022