Балкан

Потврден уште еден случај на мајмунска сипаница во Словенија: Пристигнало лице од Шпанија, во тек е епидемиолошка обработка

Потврден уште еден случај на мајмунска сипаница во Словенија: Пристигнало лице од Шпанија, во тек е епидемиолошка обработка

Во Словенија е потврден уште еден случај на инфекција со мајмунска сипаница. И овој пат се работи за лице кое пристигнало од Шпанија, соопшти Националниот институт за јавно здравје (NIJZ) на својата веб-страница. Како што објаснуваат, во тек е епидемиолошка обработка.

Првиот случај е потврден кај маж кој пристигнал од Канарските острови во вторникот. Симптомите ги добил откако се вратил дома и е во добра здравствена состојба, изјави во вторник директорот на Центарот за заразни болести на НИЈЗ, Марио Фафангел.

Ризикот од инфекција кај општата популација е низок, јавуваат словенечките медиуми.

Луѓето кои биле во ризичен контакт со заразено лице треба да внимаваат на нивната здравствена состојба во рок од 21 ден од контактот. Карантинот не е неопходен за мајмунска сипаница, така што луѓето можат слободно да се движат во овој период.

На заразените им се советува да останат дома три недели или додека не падне краста.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни