Германската Влада размислува за воведување на мерки со кои ќе се намали загадувањето на околината, кое го предизвикуваат автомобилите. Меѓу тие мерки се и воведување на огранувачување на брзината на популарниот „автобан“. И тоа на сите делници.
Освен тоа, Националното биро кое се бави со загадување на околината предизвикано од автомобилите, предложи на владата зголемување на данокот на горивата.
Меѓутоа Владата стравува дека доколку овие мерки бидат спроведени, ќе падне автомобилската индустрија, со која Германија се гордее.
Предложените мерки би стапиле на сила 2023 година, а тие се ограничување на брзината на 130 километри на час.