Собраниските служби попладнево информираа дека до нив не е доставена најавената интерпелација за претседателот на Собранието, Талта Џафери.
Информацијата ја соопштија од Собрание, откако одредени медиуми информираа дека пратениците веќе поднеле интерпелација.
Доколку се поднесе интерпелација, според Деловникот за работа, Џафери треба интерпелацијата да ја достави до пратениците, а и самиот да ја разгледа. Има 15 дена да достави писмен одговор до пратениците, а по истекот на овој рок, мора да ја стави на дневен ред на првата наредна седница на Собранието.