Српската полиција уапси лице од околината на Рума поради сомнение дека во ресторан во Инџија со пиштол пукал во 42-годишен маж, а потоа фрлил бомба во кафеана.
Инцидентот се случил синоќа, а ранетиот бил пренесен во Клиничкиот болнички центар во Нови Сад, каде било констатирано дека е полесно повреден.
Освен него, нема повредени меѓу гостите и вработените во кафеаната.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава за тешко убиство во обид, предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.