Балкан

Вучиќ ќе положи заклетва на 31 мај

Вучиќ ќе положи заклетва на 31 мај

Седницата на која претседателот на Србија ќе положи заклетва пред пратениците за вториот претседателски мандат ќе се одржи на 31 мај, дознава РТС од српското Собрание.

Александар Вучиќ победи на редовните избори на 3 април со 58,59 отсто од вкупните гласови дадени во првиот круг, потсетува РТС.

Актуелниот претседател го започна својот мандат на 31 мај 2017 година, кога свечена положи заклетва во Домот на Националното собрание.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни