Балкан

Русија протерува хрватски дипломати

Русија протерува хрватски дипломати

Од Русија ќе бидат протерани петмина дипломати од хрватската Амбасада во Москва, како одговор на протерувањето руски дипломати од Загреб, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Хрватска на 11 април информираше за протерани 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал од Амбасадата во Загреб.

Ден подоцна, Руската Федерација изрази силен протест до хрватските власти и се закани со соодветен одговор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни