Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје, променливо облачно. Од претпладне ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.