Пожар избувна на Главната железничка станица во Загреб.
Пожарникарите го гаснат пожарот што избувна во неколку вагони на Главната железничка станица во Загреб во близина на улицата Котурашка.
Пожарот избувнал на еден автомобил нешто пред 9.00 часот, но набрзо се проширил и на другите, пренесува Индекс.
На терен се три возила и 12 пожарникари.