Бугарија ќе добие одложување на руското ембарго за нафта до средината на 2024 година.
Ова предвидува нов нацрт санкции на Европската унија против Москва, објави Блумберг.
Документот вчера беше предаден на националните влади, а за него денеска разговараат амбасадорите во Брисел.
Првично беше предвидено одложувањето да им се даде на земјите кои се најмногу погодени од рускиот увоз, како Унгарија, Чешка и Словачка, кои добиваат нафта преку нафтоводот Дружба.