Балкан

Хрватската планинска спасувачка служба: Ја стеснуваме областа за пребарување

Хрватската планинска спасувачка служба: Ја стеснуваме областа за пребарување

Шефот на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС), Јосип Граниќ изјави дека пребарувањето на теренот, дури и со помош на дрон, не резултирало со стеснување на потрагата по исчезнатиот авион што полетал од Сплит и потоа исчезна од радарот.

– Областа за пребарување засега ја стеснуваме исклучиво врз основа на радарските информации што ги добиваме од хрватските служби за воздушна навигација. Засега немаме конкретна локација, но имаме поширок простор каде што ја вршиме потрагата – изјави Граниќ за Хина.

HGSS објави дека авионот се урнал кај Раковица, но објавата потоа била отстранета од профилот на Твитер. Во нова објава на Твитер само се наведува дека авионот исчезнал.

Според неофицијални информации, во авионот имало четири лица, тројца патници и еден член на екипажот. Се вели дека авионот се движел кон Германија и исчезнал од радарот додека бил на височина од 2.300 стапки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни