Балкан

Доаѓа ноќ, а силниот дожд и маглата ја отежнуваат потрагата по исчезнатата Цесна во Хрватска

Доаѓа ноќ, а силниот дожд и маглата ја отежнуваат потрагата по исчезнатата Цесна во Хрватска

Потрагата по авионот Цесна, кој рано денеска исчезна во Хрватска, се уште трае, а лошите временски услови им ја отежнуваат работата на спасувачите.

Во Брочанац е организиран штаб во кој има припадници на ХГСС, полиција, но и вработени во антитерористичката единица Лучко.

Шефот на ХГСС Јосип Граниќ се обрати на печатот и откри нови детали од потрагата по исчезнатата Чесна.

„На терен се околу 70 припадници на ХГСС и 30-тина припадници на полицијата. Го чешлаат теренот, но тој е огромен, а поројниот дожд и маглата ја отежнуваат работата. Ќе бараме додека не најдеме нешто. Нема да ја прекинеме потрагата ни ноќе. Сега на терен има седум станици на ХГСС, а за утре ќе ги подигнеме сите, односно членови на 20 станици“, рече Граниќ, пишува Вечерњи лист.

Тој потоа додаде дека бидејќи областа е голема и пошумена, невозможно е да се процени кога би можеле да најдат трага.

Да потсетиме, во исчезнатата Цесна имало пилот и тројца патници – тројца Германци и Хрват, а авионот околу 11:30 часот исчезнал од радарот над Раковица. Крајната дестинација бил германскиот град Лајчиген, па се претпоставува дека исчезнатиот авион биле Германци.

Тоа е град со околу 10.000 жители во јужна Германија, во близина на Улм во покраината Баден-Виртемберг.

Cessna FR.182 Skylne RG со регистарски таблички D-EGLF, регистрирана во Германија, е произведена во 1979 година во погоните на француската компанија „Reims Aviation“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни