Бугарскиот премиер од Брисел со убави вести за Македонија. Според него во моментов во двете министерства дипломатите работата на голема работа.
„Во моментов знам дека на ниво на Министерства за надворешни работи се подготвува многу голема работа за да се види кои се сите возможности за напредок кон темата со Северна Македонија, но пред тоа на чисто професионално ниво меѓу дипломатите да се стигне до некоја заедничка идеја по која може да се продолжи напред, а не можеме ние ништо да потврдиме од реални стапки“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.
Тој додаде дека било какво решение да биде постигнато, ќе помине низ бугарскиот парламент.
„Пред било што да се направи, без разлика како ќе се договорат дипломатите ќе помине преку Парламентот. Тоа е последната истанца. Знам дека се работи многу, не можам да потврдам одделни покани, да видиме до каде ќе стигнеме“, додаде Петков.
Претходно објавивме дека Кирил Петков и Румен Радев ќе патуваат за Франција каде ќе се сретнат со тамошниот претседател Емануел Макрон.
Радев и Петков на нозе пред Макрон за Македонија: Франција е гаранцијата, ветото ќе падне?