Балкан

Владата донесе нова одлука за горивото: Државата ќе ја одредува цената во наредните месец дена

Владата на Србија денеска го продолжи времетраењето на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати до 30 јуни 2022 година. Во текстот на Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати, се наведува дека е потребно продолжување на периодот на важност на ценовниот лимит на уште 30 дена.

„Имајќи предвид дека пазарот на нафтени деривати се уште е нестабилен, членовите на Владата ја донесоа оваа одлука со цел да се спречат поголеми нарушувања на тој пазар и да се зачува животниот стандард на населението“, се вели во соопштението на српската влада.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни