Од денеска веќе не важат дел од антикризните мерки што Владата ги воведе во март со цел да се ублажат последиците од енергетската криза и да се заштити стандардот на граѓаните.
Основните прехранбени производи повеќе нема да се продаваат со нула отсто ДДВ, додека од денеска ДДВ-то на горивата се враќа на 18 отсто.
Во изминатите три месеци ДДВ за леб, брашно тип 400, сончогледово масло за готвење, млеко, ориз и јајца е намалено од пет на нула проценти, додека на предлог на Министерството за економија е донесена одлука за намалување на трговските мерки.