Балкан

Радев: Нема напредок меѓу Софија и Скопје, нема да одам во Париз – Бугарија оди на референдум за Македонија?

Радев: Нема напредок меѓу Софија и Скопје, нема да одам во Париз – Бугарија оди на референдум за Македонија?

Нема напредок, па нема ниту причина за да се оди во Париз, вака кратко одговори бугарскиот претседател Румен Радев на новинарско прашање за темата Македонија.

„Нема напредок по отворените прашања меѓу Софија и Скопје. Затоа нема и услови за таква посета на Париз. Ги поздравувам залагањата на нашите партнери, но јас сакам да видам реални резултати“, изјави Румен Раде – претседател на Бугарија.

Тој за прв пат во јавноста фрла ракавица дека Бугарија на референдум треба да се изјасни во однос на спорот со Скопје.

„Што се однесува до изјавата на премиерот Кирил Петков дека последната истанца е парламентот по однос на темата РСМ, треба да кажам дека последната истанца е народот. Има соодветни алатки за тоа“, додаде Радев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни