Венецијанската комисија испратила писмо до вицепремиерот Бујар Османи и премиерот Зоран Заев задека не е дозволен никаков владин притисок врз преставници на телото, тврди на Фејсбук Тања Каракамишева.
„Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев.
Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!
Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти”, Каракамишева на Фејсбук.
