Македонија

„Ден без возила на фосилни горива“, иницијатива за подигнување на свесноста за електромобилноста

Со цел придонес кон намалување на загадувањето во Скопје и подигнување на свесноста за заштита на животната средина во која живееме, ПроКредит Банка  организира настан Ден без возила на фосилни горива”. Во сабота, на 26ти Јануари, во период од 12.00 – 14.00 часот, на паркингот до Аква паркот пред Спортскиот Центар Борис Трајковски ќе биде организирана едукативна изложба на голем број поддржувачи на електромобилноста. Компании како ПроКредит Банка, Порше, Тојота, ЕВН, МЕПСО, Хамачи, Са-Тра, Т-мобиле и Фибернет ќе ги презентираат своите електрични/хибридни возила како и опрема за нивно полнење и ќе ги споделат сопствените искуства од нивната примена. Дополнително на сите присутни ќе им биде овозможено тест возење на електричните автомобили на ПроКредит Банка.

Во рaмки на овој настан ќе биде оганизирана и панел дискусија на тема Како до зголемување на електромобилноста” каде свое излагање ќе имаат Јани Макрадули, заменик Министер за Животна Средина; Стефан Богоев, Градоначалник на Општина Карпош; Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка; како и претставници од Порше, ЕВН, Електромобилност Македонија и МЕПСО.

За времетраењето на настанот, дел од улиците покрај СЦ Борис Трајковски ќе бидат трансформирани во Зелени улици во чии рамки ќе може да поминуваат и паркираат само електрични и хибридни возила. Овие возила имаат намалена емисија на штетни гасови и придонесуваат за помало загадување на воздухот, како и понизок степен на бучава во околината.

Ги покануваме сите граѓани на град Скопје и ентузијасти за електромобилност да се приклучат на иницијативата и заедно да придонесеме кон подигнување на свесноста за подобра животна средина.

Настанот ќе биде составен од три дела:

  • 00-14.00 часот

Едукативна изложба каде активно учество ќе земат следниве изложувачи на електрични/ хибридни автомобили и полначи за овие возила: Порше, Тојота, ПроКредит, ЕВН, МЕПСО, Са-Тра, T-Mobile, Hamachi и Фибернет. Дополнително на сите присутни ќе им биде овозможено тест возење на електричните автомобили на ПроКредит Банка.

 

  • 00-14.00 часот

Панел дискусија во конференциска сала СЦ Борис Трајковски, тема “Како до зголемување на електромобилноста” каде свое излагање ќе имаат Јани Макрадули, заменик Министер за Животна Средина; Стефан Богоев, Градоначалник на Општина Карпош; Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка; како и претставници од Порше, ЕВН, Електромобилност Македонија и МЕПСО.

 

  • 00-14.00 часот

Зелена улица каде може да се возат само електрични и хибридни возила

Присутните претставници на панел дискусијата ќе дадат кратка објава за медиуми во 12:30 часот на местото на самиот настан. Дополнително Вашето присуство е добредојдено за да ја проследите Панел дискусијата.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни