Балкан

Пријавена бомба во болница: Работниците ја напуштија зградата, пациентите вознемирени

Пријавена бомба во болница: Работниците ја напуштија зградата, пациентите вознемирени

Универзитетскиот клинички центар на РС доби закана за бомба. Од полицијата наведуваат дека пријавата ја добиле утрово околу 07:15 часот.

– Полицијата е на лице место и врши мерки и дејствија од нивна надлежност – изјави кусо портпаролката на СВР Бања Лука, Милана Стојановиќ.

Работниците ги напуштија работните простории, а пациентите беа вознемирени. Околу зградата на УКЦ има огромни гужви.

Дојавата за бомбата во УЦК доаѓа само еден ден откако на електронските адреси на 429 училишта во Република Српска пристигнала поштата со закана за поставената бомба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни