Македонија

Димитров повикува и другите земји да го следат моделот на Договорот од Преспа

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров изјави дека поддржувачите на Договорот се на страна на историјата и дека еден ден и противниците и критичарите ќе се согласат со тоа.

„Чувствувам дека сигурно сум на вистинската страна од историјата за ова и мислам дека неколку години од сега,  дури и оние што сега се гневни противници, ќе кажат „изгледа дека тие беа во право“ рече Димитров.

Доколку Грција го ратификува договорот, се очекува Македонија брзо да стане член на НАТО и сите погледи да се свртат кон Брисел, од каде минатата година беше најaвeно дека ќе ги почнат преговорите за членство во ЕУ со Македонија во јуни 2019 година.

Димитров повикува и другите земји да го следат моделот на Договорот од Преспа, посочувајќи дека е неопходно брзо делување за големиот број проблеми од дипломатски спорови, до проблемите во образованието и здравството, со цел да се спречи егзодусот на млади од регионот.

„Додека ние ја завршиме дебатата за тоа која е најстарата нација, сите наши помлади генерации ќе бидат во Германија или некаде на друго место“,  вели Димитров.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни