Во Србија денеска пристигна вакцината против ХПВ, која од понеделник ќе се дистрибуира според планот на Институтот за јавно здравје, изјави директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, Сања Радојевиќ Шкодриќ.
– Најидеалниот период за примање на оваа вакцина е помеѓу 12 и 14 години. Државата ја обезбеди најмодерната вакцина, која е златен стандард по препорака на струката – рече Шкодриќ Радојевиќ.
Според неа, до крајот на следната недела вакцината против ХПВ ќе биде достапна во сите јавни здравствени заводи, како и во здравствените домови во Србија, јавува Радио телевизија на Србија.
Посочувајќи дека според Светската здравствена организација споменатата вакцина е една од најнебезбедните, Радојевиќ Шкодриќ рече дека децата до 14 години вакцината ќе ја примат во две дози, а другите на возраст од 14 до 19 години ќе добијат три дози.