Снимката на свештеник од Црна Гора во специјална акција стана хит на мрежите. Не е прв пат, а веројатно не и последен.
Видеото од црногорското крајбрежје стана хит на социјалните мрежи – на него се гледа како свештеник осветува „бесен“ автомобил со маслиново гранче и света вода од чаша.
Тој е доста детален во акцијата, не ја пропушта внатрешноста на автомобилот, ниту багажникот, а во следниот момент гледаме дека го чекаат уште еден куп.
„Боже помилуј, помилуј ја колата“, одекнуваат мрежите како потпис за ова видео.
View this post on Instagram