Балкан

Пожарот во Атина сè уште не е ставен под контрола – материјална штета и евакуирани жители

Пожарот во Атина сè уште не е ставен под контрола – материјална штета и евакуирани жители

Пожарот што попладнево избувна во подножјето на планината Имитос во Атина и брзо од една, се прошири кон друга населба во јужниот дел на градот, сè уште не е ставен под контрола. Зголемен е бројот на пожарникари кои интервенираат и од копно и од воздух, а превентивно се евакуираат жители, децата сместени во Детските села СОС, како и Дом за стари лица, што се во близина на пожарот.

Градоначалникот на општината каде што е пожарот Григорис Константелос, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека одлуката за евакуација е превентивна.

Според грчките медиуми, две повозрасни лица со проблеми со дишењето биле пренесени во болница и им била пружена прва помош, а изгорени се неколку куќи, иако сè уште не е позната големината на материјалната штета од пожарот.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос информираше дека во пожарот интервенираат 102 пожарникари со три пешадиски тима, 30 возила, шест авиони и пет хеликоптери, од кој еден за координација.

Додаде дека во Атина пристигнуваат пожарникари од Пелопонез, од западна и централна Грција, а помагаат и војската со еден хеликоптер, полицијата со 250 полицајци со 25 мотори и десет патролни возила, како и огромен број волонтери пожарникари, но и цистерни од општините.

Претпладнево преку бројот 112 за итни случаи, поради големиот пожар Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција побара од жителите на атинската населба Ано Вулас во јужниот дел на градот да се евакуираат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни