Објектот Космос повторно се гради.
На истото место каде што беше урнат, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Инвеститорот, Фијат Цакоски, вели дека објектот ќе се изгради исто како што беше планирано, пред да биде урнат.
Како што може да се види, градежните активности се во почетна фаза.
Додека градежните работи продолжуваат, во тек е судењето за случајот „ТНТ“, кој се однесува токму на овој објект.
На денешното рочиште детално беше презентиран проектот, а исказ дадоа и вештаците.
Цаноски ќе бара оштета во висина од 40 милиони евра. Како што тврди тој, уривањето на објектот е политички мотивирано, бидејќи работел законски.
Во објавените таканаречени „бомби„ на СДСМ, се слуша разговор меѓу екс-премиерот Никола Груевски и екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.
Во еден од тие разговори се цитира Фијат Цановски, кој рекол „ Ајде срушете го побрзо, јас пак ќе го градам“.
РАЗГОВОР ПОМЕЃУ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И НИКОЛА ГРУЕВСКИ (8)
МЈ: Снимката ја имаше убаво дадено, како експлозијата и изјава тој даваше.
НГ: И тој шо вика? Цврста е зградата, не можат да ја срушат?
МЈ: Не, викаше дека, ајде срушете ја побрзо, јас пак ќе ја градам.
НГ: Аха. Јас мислам да не, ако е онеспособена како шо кажуваш, да не продолжиме, нека си ја доруши он.
МЈ: Скроз, значи во воздух летаа, ја не знам како се држи.
НГ: Аха.
МЈ: Викам, ок сеа.
НГ: Ја мислам да застанеме тука. Нека си стои зградата. Така?
МЈ: Добро.
НГ: Он ако стварно има план да ја гради, сам ќе си ја доруши, така?
Комплексот „Космос“ беше урнат во 2011 година. Во случајот на СЈО под кодно име „Т.Н.Т“, кој произлезе од прислушуваните разговори обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески и пораншниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски. Цаноски тврди дека вештачењето утврдило дека штетата изнесува 40 милиони евра.
РЕПОРТЕР: САЛИЈЕ САДИКУ