Балкан

„Нашата дипломатија допрва треба да ја надмине телепортацијата“ – откажана посетата на Сергеј Лавров на Белград?!

„Нашата дипломатија допрва треба да ја надмине телепортацијата“ – откажана посетата на Сергеј Лавров на Белград?!

Посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија беше откажана откако земјите во околината на Србија го затворија воздушниот простор за неговиот авион, изјави за агенцијата Интерфакс извор од руското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Изворот го потврди пишувањето на српските медиуми кои наведуваат дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го затвориле својот воздушен простор за авионот што требало да го превезе рускиот дипломат во Белград.

„Нашата дипломатија допрва треба да ја надмине телепортацијата“, рече изворот, според Ројтерс.

Од руското Министерство за надворешни работи нема коментари.

Од Министерството за надворешни работи во Скопје за Радио Слободна Европа потврдија дека Северна Македонија го одбила барањето на руската амбасада да се прелета авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ воздушниот простор на таа земја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни