Претседателот на Бугарија Румен Радев и помошникот државен секретар на САД за европски прашања Карен Донфрид го осудија и го прогласија за недозволиво палењето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михаилов“ во Битола. Двајцата разговарале по телефон.
Според шефот на бугарската државата, палењето на културниот центар на македонските Бугари во Битола го извршиле луѓе кои се обидуваат да ја задржат Република Северна Македонија во сенка на тоталитарното минато на Југославија и да го попречат процесот на европска интеграција.
Румен Радев изразил очекување од Бугарија за навремени постапувања од страна на институциите кај нашиот југозападен сосед, што ќе спречи овој чин на агресија врз македонските Бугари да остане неоткриен и неказнет.
Во фокусот на разговорот биле и европската перспектива на Република Северна Македонија, партнерството меѓу Бугарија и САД во областа на одбраната, како и последиците од војната во Украина за безбедноста во Источна Европа.