ТВ21 во изминатите денови правеше сторија за тоа како децата Албанци од Велес, не можат да посетуваат настана на албански јазик, па во училиште учат само македонски. Токму од тука на денешната прес конференција во Собранието на Македонија, лидерот на „Алијанса за Албанците“ Зијадин Села, побара оставка од министерот за образование и наука Арбер Адеми.
„Денешната прес-конференција е свикана поради тоа што деца Албанци, во случајот во општина Чашка кои не го остваруваат нивното право со Устав. Денеска осум, девет, десет годишни Албанци не знаат да пишуваат на нивниот албански јазик. А, имаат право да учат на свој јазик. Бараме под итно, министерството за образование да направи анализа и да достави до Собрание да прикаже колкава е бројката на тие деца низ земјава. Веднаш да се превземе акционен план да се изградат училишта таму каде што нема, и на секое дете да му се обезбеди тоа што е гарантирано со Устав. Бараме Министерот за образавоние треба да поднесе оставка и да понесе одговорност. “, рече Села.
Погледнете го прилогот на ТВ21: