Бизнис Свет

Рекордно висока инфлација за последните 28 години е регистрирана во Грција

Рекордно висока инфлација за последните 28 години е регистрирана во Грција

Рекордно висока инфлација за последните 28 години е регистрирана во Грција, пишува електронското издание на грчкиот весник „Нафтемборики“.

Според податоците на Националниот завод за статистика (ЕЛСТАТ), инфлацијата во мај во земјава изнесувала 11,3 отсто.

За прв пат од септември 1994 година, инфлацијата во Грција надмина 11 отсто. Тогаш стапката на инфлација во земјава беше 11,7 отсто, потсетува „Нафтемборики“.

Минатиот месец стапката на инфлација беше 10,2 отсто, а во март 8,9 отсто. Сепак, влијанието на војната во Украина и енергетската криза врз економијата станува се поопипливо, се вели во изданието.

На годишна основа цената на природниот гас скокна за 172,7 отсто. Поскапувањето на струјата е 80 отсто, а кај нафтата за греење – 65,1 отсто.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни