Македонија

Оштетени две возила на грчкиот Конзулат во Битола

Вчера во Битола, биле оштетени две возила сопственост на Конзулатот на Грција во Битола.

„На 24.01.2019 А.К во СВР Битола пријави дека е оштетено предно ветробранско стакло од возило Мерцедес, сопственост на Конзулатот на Грција во Битола, паркирано на  улица  Елпида Караманди во Битола. Исто така, со тврд предмет е оштетен кровот на возило Опел Гранд Ланд, сопственост на неговата сопруга, паркиран на  улица Елпида Караманди, во Битола“, велат од МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни